растројство (ср.)
Кој ќе ѝ објасни што се беше случило толку страшно во нејзиниот живот за да ја доведе во ваква безнадежна состојба? До вакво растројство.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
По сѐ изгледа, Богданов тоа го направил во состојба на душевно растројство.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сѐ нешто фали у човека
поредокот е порозен
престапи пробиваат
растројство и безумие
завера и чудо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Можеби на никој до сега не му текнало дека овде се кријат главните причини за душевно растројство.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)