расцепи (св.)
Договорот беше таков - да го расцепиме платнениот ѕид на шаторот и кришум да се провлечеме внатре.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ќе го турнат со глава ѕидот, а не велат оти ќе и расцепат лејките!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А оти во завиткувањето децата ќе завиткаат други подолни „шеови“; оти крпите што ги пазарија ќе бидат расцепени и ќе станат од едната — две; оти тулбените и шамиите што ги гледаа со реси, ќе излезат дома без реси, тие се детински работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се степаа Димовите „Грци“ и Биновите „Бугари“. Се замешаа некое време заптиите и го расипаа „муаребето“, откако се расцепија по неколку глави од двете страни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше брзо и подвижно како мачка но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еден младинец го грабна путирот и со него му ја расцепи главата на еден од сејмените.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Побрзај, покажи се, расцепи го небото, крени се до сонцето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Што, се чудите? Еднаш така и стана: скокајќи од креденецот врз него, кога тој беше отворен за да се исуши од дождот, Фигаро го расцепи свилениот чадор со своите нокти.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Често сум морал да ја мијам и чистам од калта. А еднаш и се расцепи од опинците на Танаса. Тоа ми го скисели и лицево и душава.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Наеднаш нешто ме возбуди и ме расцепи во градиве: на вратата се покажа жена му на клисарот со босилок и јаболка в рака.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Битолскиот окружен револуционен комитет си ја присвои функцијата на бившиот Централен комитет и во името негово, којзнае по каква штура идеа, им испрати на сите организации едно окружно писмо, што ја застрани вистинската борба и ги расцепи и тие малку останати сили во народот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сѐ така додека една ноќ едно парче граната не му ја расцепи раката и слабината.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Некогаш ќе ми дојде да ја земам секирата и да му ја расцепам главата. Така, дури спие, дури се порева ко истурена комина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му го истргна од раце големиот сребрен крст и почна со него да го удира, удира по глава, сѐ додека не му ја расцепи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе се мислам како да му ја расцепам главата на Никифор, со куршуми да му ги издупам ушите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш ми иде да им ги расцепам главите, а еднаш ми паѓа жал за Жења.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја отворив, ја расцепив водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)