рајатин (м.)
Во народните песни не еднаш се употребува името „каурин” и „рајатин”, и „земја каурска” или „земја рајатска” во етнографско значење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но Турците со тоа што нѐ нарекоа нас: рајати и ѓаури, гледаа на нас како на луѓе не од извесна народност, а што се во а извесен однос спрема нив, господарите и правоверните.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Името Бугарин, како што се гледа, до половината на XIX век немало за нашите предедовци поголемо значење од имињата: христијанин, рајатин и каурин.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ниту раетините ниту, пак стопаните не покажаа интерес за постапката на Турците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)