реакционер (м.)
Само Полјаците, реакционери, не дадоа да собереме доброволци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
да не испадне нашиот брак реакционерен, велам, ние и така сме прогласени за реакционери, вели Макаровски, и само ги врти граорестите очи покрај стрмниот нос, му потпукнува некое старо пламенче во нив, му пламти, а тој само оди, тумара, поднаведнат од својата височина, оди на едно исто место, а секогаш различно под него,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Томе се покажа меко газе, како некој обичен кулак и реакционер, каков што беше. Уште што не се расплака.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Има најголеми, мали и помали реакционери.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мајката си ја ебал тој Томе Манев. Му се пикна в гаќи на стрика Бориза и, иако кулак и реакционер во душата, помина како никому ништо.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)