реа (ж.)

Во полутемната просторија, што нѐ удри во носот со реа на скапана зелка и помија, немаше многу луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тесните улици, бавчите пред куќите и дворовите ги испоганивме. Секаде нечисто и реа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми ги знаат возбудите и заблудите, Болките во желудникот, реата, Ми ги знаат потресите и вознесите, Ми го знаат огнот и пареата Дреата со која ги нагазив, Мојот здив, кога во нив се преселив, Се вгездив и задомив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Фрлен на ѕидот, додека пред него минуваа исклештени карневалски маски, се стресе од оној непријатен грч во стомакот што секогаш го напаѓаше од реата на толпата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некоја реа, гној од нешто што скапува наблиску до мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од внатре ме удри реа на влажни ѕидови и мемла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Околу нив се лизгала остра реа на говедски лепешки. Очите се лепеле за месо како крлежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се насетуваше неговата реа, мирисот за да те голтне како секавица.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Анет Гијомин, читателка, професор по историја Испишувајќи ја со фабулата на Времето на козите својата историја на балканските народи Луан Старова со сеќавањата од детството во Македонија ни испраќа топла порака за меѓусебно разбирање и толеранција која наликува на приказните од Илјада и една ноќ, а сепак шири несносна реа со натопената балканска почва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вентилите го вцицуваа и испуштаа воздухот, реата на тутун од устите на освојувачите, реата на зелен сапун од нивните раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога работеше премногу, а сонцето стануваше топло, сметот рано почнуваше да испушта реа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше токму пладне. Сега реата од разурнатиот град смрдеше на жежок воздух и на нештата што ползеа помеѓу разорените згради.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога по три дена не побарал ни јастие ни питие, и кога почнала да се шири неподнослива реа, влегле стражарите внатре, и го виделе, потпрен на својот стап како упорно, со ведри очи гледа во натписот од книгата чудна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко го поткрена капакот од сандакот. Почна да се ослободува задушна реа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од молчењето му избиваше реа на стари, мувлосани книги, онакви какви што се криеја под полиците на визбите и тајните простори на манастирите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тие дни и ноќи, песовите со кренати муцки виеја и завиваа страотно, или `ржеа и копаа со шепите по земјата како по дира на едра лисица, како по реата на стара волчица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кренаа глави луѓето, ја снема реата и смрдеата од воздухот, заџивкаа џивџаните, проработеа дуќаните и меаните, гранапите сечеа точки и купони и го делеа лебот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе