ребрест (прид.)
Сијалицата го покажуваше својот ребрест костур и срдито, предавнички му го осветлуваше измореното, бледо и збунето лице.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе дупчест и ребрест, колскиот пат брзал кон бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па така се појавија и првите преградни ѕидови од летви и црна катранска хартија или од ребрести долги ролни картон.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не дека ги потценувам чувствата спрема нивните покојници на оние мештани што поставиле ребрести лимени покриви над гробот или го заградиле со столпчиња како кај медитеранските тераси, тоа никако - со некој невин израз ми зборуваше таа - но јас сакам да се направи нешто што нема да го навредува просторот, нешто што ќе си легне во пејзажот, што ќе ја олеснува врската меѓу земјата и небото, што ќе претставува јасен нишан, но нема да го спречува дождот да продира во земјата и тревата и планинските цвеќиња да растат угоре.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)