револуционерен (прид.)
34. Д-р Христо Татарчев (1869-1952) од Ресен е еден од основачите и прв претседател на Централниот македонски револуционерен комитет во Солун (1893).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Револуционерната дејност е привремена и разрушувачка, а не вечна, соѕидувачка.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А таквото многугодишно упорно работење е пополезно, помачно и поморално од револуционерното. Тоа е поразумно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А покрај тоа и самиот Хегел лично не бил никаква револуционерна природа.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Гонет поради револуционерниот говор од фашистичката полиција, бил принуден да се засолни во Софија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ФЕЗЛИЕВ: Нервите. Тоа се нашите драги и уморени нерви, нашите кутри и ислужени „револуционерни“ нерви.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ФЕЗЛИЕВ: А ти да не мислеше дека во мене се возродила револуционерната страст и чувството за другарство?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Откако го видов Младичот, почна да ме буни: кому му е и зошто потребно да извалка една таква револуционерна чистота и добродетел, каква што е Младичот?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тие ќе се употребат за потребите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Гоце Делчев.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Целта на нашиот таен револуционерен кружок е слобода на нашата мајка Македонија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тој комитет се вика: Внатрешна македонска револуционерна организација.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Близу до кулата е споменикот на чешкиот реформатор Јан Хус, кој поради своите револуционерни идеи е спален од клерот во 1615 година.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А тоа, и да имало некое недоразбирање помеѓу тополчанци и тројкрстчанци, од една страна, и Внатрешната македонска револуционерна организација од другата, жителите на Потковицата бездруго не биле во сѐ и до крај упатени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Странските чети, српските и грчките, ако научеа дека некој сој е организиран, односно дека стапил во редовите на Внатрешната македонска револуционерна организација, сите негови возрасни припадници, и мажите и жените, ги исколуваа, ноќе, надопица, на спиење, па сојовите, за да се одбранат од целосно уништување, се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не беше безбедно во сој каков што беше Акиноскиот, целиот предаден на делото на Организацијата да влезе некоја којашто потекнуваше од сој како Вељаноскиот - мирни и уплашени луѓе и кои се држеа настрана од револуционерните вриења во Потковицата и во цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И ова ми е некоја револуционерна дејност, вели Оливера.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бев инфициран со енергија од вампирско револуционерен карактер.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Следуваа масовни револуционерни песни. По првите акорди, татко ми го затвори радиото. Доста беше за овој ден, и премногу.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од радиото ечеа нови револуционерни песни: Југославијо народ те славио... Уз Маршала Тита јуначкога сина нас неќе ни лако смест?...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми беше обземен од овие проклети времиња на еден подруг, задлабочен начин, кога луѓето повеќе веруваа во спасот со козите, отколку од спасот со револуционерните промени.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)