реминисценција (ж.)
Тој, претпоставувам, во главата веќе го склопувал својот текст, а јас ги претресував своите реминисценции обидувајќи се да сфатам што го наведе да го употреби оној збор.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Оттука ќе се наложи постојаниот контрапункт, на ниво на наративните содржини, помеѓу инспирираните реминисценции на семејната „сага” и на инцидентите кои ќе му се случат во текот на четиридневната посета на оваа земја којашто авторот, не одвојувајќи се од мајчината прегратка, ќе ја напушти на двегодишна возраст, за време на италијанската окупација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Можеби дишиме во хармонија со универзумот но работите не можат да се случуваат без да се наруши рамнотежата, затоа животот не е лесен ниту пак има имитации или реминистенции под светлината на сцената наречена живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)