ремонт (м.)
Може ќе ни прават ремонт во некој сибирски затвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тука се прави прв (некому и последен) ремонт на богатата Америка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
АЦО: Е како кога ништо не е? Сега треба од свој џеб да платам нов ремонт и да им стојам на мајсторите врз глава за да не украдат некој шраф.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Вели јас платив ремонт, твоја работа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
АЦО: Дадовме камион на генерален ремонт и плативме за генерален ремонт, а само е подмачкан и сменети се кариките.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Честопати, во времето на вообичаените ремонти, ја прифаќаше и прекувремената работа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)