реорганизирање (ср.)
„Копирањето“ на основната машинска инструкција во процесорот се состои во суптилно реорганизирање на неговите електронски кола што доведува до промена на состојбата во која се наоѓа машината така да го одразува значењето на инструкцијата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
По оваа рутинска акција, во која дигресивно ги придодадов и доказите од претходните истражувања, ја вратив насоката на реорганизирањето, со предумисла да го убијам денот оставајќи зад себе трага на асоцијативност - дека е неколку минути пред 12.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
14. Ми се допадна реорганизирањето. Во кутиите сложував пљачки кои повеќе не значеа ништо.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Големиот број гарнизони на освоените територии во клучните зони барале реорганизирање на војската.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)