рестриктивен (прид.)
Тој смета дека централниот механизам на овој модерен облик на моќ е продуктивен, наместо ставот дека тој е контролирачки или рестриктивен, - животите на луѓето всушност се формираат преку овој облик на моќ.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Впрочем, секогаш ќе има време да се отвори една рестриктивна дискусија, затоа што авторот и понатаму не престанува многу сериозно да го коментира поголемиот дел од својата продукција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Злите јазици во амбасадата велеа дека во рестриктивниот простор си отспива по некој час, па потоа кога ќе се разбуди будно ги следи сите други, душа им вади!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој си замина во рестриктивниот простор на амбасадата, каде што никој друг освен тој не можеше да биде.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко беше мошне рестриктивен во изборот на овие заемки зашто речиси сите, како и тие што следеа од областа на администрацијата, со падот на Османската Империја исчезнаа и во употребата во јазиците на новите балкански држави и во самата нова Турција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)