рецепт (м.)

Што пишувале точно никое не можеше да му даде рецепт, пишувале дете на девојче, девојче на дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе ти препишат некој рецепис, му велам, ќе ти клаат ижекција.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За ракописот на татко ми да не ви раскажувам. Тој вели дека си го расипал со пишување рецепти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Би можела ли некако да ти помогнам, Хелен?“ „Сакав да те прашам за оној рецепт...“ ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или пак упорното држење кон добро проверениот рецепт за третирање на дрогите кои што денешното општество го донесе во ќорсокак, всушност е немоќ за решавање на било какви прашања и бегање во романтичен идеализам карактеристичен за големите утопистички идеи?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додајте го суперсоничниот звук на Трент Рензор од рок-групата Nine Inch Nails, добро промешајте, притиснете го прекинувачот и останете назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стануваме наголемено зависни од технологијата и технолошки врамените рецепти за однесување што ги добиваме од страна на советниците.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Местото што му се отстапува во романот на иронијата, како и на смирениот крај (читај­те го рецептот за питата „тикуш” која мајката му ја приготвува на истоштениот повратник), можеби, на прв поглед не се упатни за такви цитати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„И рецепти за готвење, и за одржување хигиена - лична и во станот - и тоа е поврзано со чиста и здрава животна средина“, - рече мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Инаку зошто би ни нуделе нови законитости и рецепти секои неколку години не признавајќи дека пазарната економија е недофатлива, неподложна на правило, дека исклучокот е правило?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пандо имаше направено и други записи како Рецепти за лозјето, Купени работи што пак треба да се купат за да знам колку од што да купам и слични, но тие беа толку технички што авторот не го интересираа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рецептите најмалку помагаат, почитуван, посакав да му довикнам на Стариот писател додека го заобиколував Самоников и главата на тигарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И овој рецепт си го запаметивме, од гледање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние, децата, убаво ги паметевме сите нејзини италијански поговорки, сите италијански оперски арии кои ги потпевнуваше кришум од Татко, сите тајни во месењето на тестото, според италијанските кулинарски рецепти, сите тајни од каталогот на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се навестуваше новиот балкански егзил, напуштањето на родното гратче, Мајка често ја прелистуваше, во неа откриваше не само необични кројки на облеки, со секогаш нови преливи на бои, облеки не само за пролетната мода туку и за другите годишни времиња, облеки за деца, накит, мебел, рецепти за јадења за кои на Балканот сигурно ќе недостигаат составните делови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Земаш, рецепт, даваш лек. Рецептот е на латински, а лекот е на македонски.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе