ридиште (ср.)
Планињето глас дадоја од шмајзери пукање, речиштата протекоја од крвови течење, ридиштата поцрнеја од фашиските мрши.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Како пара од огромен казан, над Водно се пластеше густ сињак, се лелееше по модрите ридишта и заплашуваше со дожд и студ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Секој ден ги гледа Митре познатите долишта и ридишта, нивите и ливадите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Стеблата се сцрвуваа и крцкаа а ридиштата во трепетливите далечини се покрија со подвижни магли.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Селим-бег од Коњари продолжи да раскажува: – Ене онаму, откај што огрева сонцето – и покажа со рака преку високите Селечки Планини – таму зад оние високи ридишта, велат имало земја каде што наша нога не стапнала и имало луѓе – ѓаури што не признавале ни цара ни везира.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој излезе од дворот и го фати патот што водеше кон снежните ридишта угоре од селото.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
По ридишта плови лаѓа - кормилар е зелен рак многукрак.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
А пролетнот ветер го разнел семето по доловите и ридиштата, по целата земја.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И имало тоа девојченце зла маќеа, која секој ден го испраќала голо и босо по ридиштата, да собира дрва.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе се обидеме и по вој пат; белки ќе има некој спасибог баре за децата, та за нас се знае оти ќе тргаме маки и ќе и оставиме коските по ридиштата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Идеше војската, пукаше по ридиштата и си заминуваше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И во миг изгасна запалената свеќа, се затресе прозорецот, се отвори и зад ридиштата отпрво некоја исконска белина се искачи по небесата а потоа пукна спроти земјата, спроти душата свеченоста на пролетното необјатие.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Височинки, ридишта, долови, пак рамнини, шуми, населени места потонати во снег, стеснување на патот. И така сѐ до Прага.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наредив уште илјада и триста ридишта низ кои минала бригадата, но никако не можеше да си спомни за Сентерлевиот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Потоа долго во ноќите, гледајќи во мракот, ги гледавме лицата на нашите најблиски, ги гледавме нашите ливади, кориите, ридиштата и планините, чешмите, лозјата, реката и сонувавме, сонувавме и плачевме во сонот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)