ризикува несв.
ризикување ср.

ризикува (несв.)

Ти велев често: „Кузмане не ризикуј ти живот, не влегувај во бојот пак!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
„Никако” свика офицерот. „Не сакам да ризикувам да ми заглават камионите..
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Точно ли е дека Христина, како што ми раскажаа, вашето девојче, било само во станот, во моментот на земјотресот и истрчувајќи на скалите, ризикувајќи да го загуби животот се втурнала назад во станот и бестрашно го спасила и своето двегодишно сестриче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овде ризикуваме по малку избрзан „редукционистички” одговор, што секако би требало пошироко да го разгледаме и да ги сместиме тие три етапи во пропорции со трите етапи на она што би го нарекле либиди­нален концепт за субјектот во граѓанското општество на XX век: постои индивидуумот на „протестантската етика”, потоа хетерономниот „човек на организацијата” и најпосле денес надмоќниот „патолошки Нарцис”; меѓутоа, ако така наречениот „слом на протестантската етика” паѓа во триесеттите години, тогаш во текот на педесеттите години „човекот на организацијата” почнува да отстапува пред „патолошкиот Нарцис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако обата затвореника молчат ќе бидат ослободени иако ризикуваат гонење доколку бидат пронајдени нови докази.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Свесна беше што ризикува... Колку ризикува...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Винстон се оттргна малку од летаргијата. Мора да зборува со Емплфорт и да ризикува опомена од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе донесе одлука дека по извесен пригоден интервал - да речеме по еден месец - ќе ризикува повторно да го посети дуќанот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се разбира дека не смееме да ризикуваме“, се согласи Винстон дисциплинирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборуваше малку, како секој стопанственик, кој божем, ако зборува, би ризикувал да ги оддаде деловните тајни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој беше свесен дека влегува во неприродно друштво и дека ризикува гласови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Тука е - ни рече човекот кого, ризикувајќи да не облее излив на навреди и пцости, го замоливме да не одведе до местото каде се наоѓа масовната гробница во која почиваат според едни 704, според други 1000 борци на ДАГ. – Тука е – покажа со натажено лице и со очите сподавени во солзи. Не прозбори повеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За породувањето на Рада не сакаше ништо да ризикува, иако имаше направено над илјада породувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не можиме да ризикуваме заради еден порнич, во кој што патем речено актерката не е ниту просек, свесно да се руинира организацијата на отпорот која што е градена со години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ризикував да не му се јавам, затоа што претпоставував дека ќе се врати доцна во ноќта. Уморна и сонлива, ја отклучив вратата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дека секој геј-маж ризикува да го отелотворува одбивниот, презрен лик што потајно истовремено го плаши и каков што верува дека е?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)