рика (несв.)
Околу патот е тесен. Големото портиште скрцна ко бикова рика.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
ДЕПА: Коте, ние си заседнавме и не ни текнува да станеме. Говедата се врзани на јасли, ќе рикаат за јадење.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Рикаат топовите, трештат бомбите, но фронтот си стои на истото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не проценувајќи ја точно далечината плисна во лицето на брборливецот полна чаша ракија и опцу како да рика.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Што рика рикаше дивината сетната волчица пцоиса по голините не ќе се природи волче!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
И рика темнината и се кине нејзината утроба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Не бавете се, господине! - скоро рика на несмасен француски јазик.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Рикаа во далечина бродски сирени.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само добитокот во дворот гласно и бунтовно врескаше и рикаше. ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но кога ќе ги иставеше очите од книгата, кога ќе погледнеше кон прозорецот, кога ќе го видеше разбеснетото езеро како рика и како ветриште го нишаа и го корнеа прозорецот, повторно го обземаше страв од смртта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Што повеќе времето одминуваше, стравот сѐ повеќе растеше, плачеа децата, рикаше добитокот, биеше камбаната.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На одење нѐ запраша само Зошто дечињата веќе не играат Меѓу белите жбунови во неговиот двор И што коби добитокон, Зошто рика ноќва високо до ѕвездине?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Квечерина излеговме на прошетка и разговорот нѐ одведе до оние исушени ритчиња некогаш како деца кога слушавме колку темно рика добитокон дури се враќа од пасење.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Одненадеж потемне небото од чад што штипеше во очите, во грлото и што го вознемири дибитокот како спроти потоп та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Како да не гледам, Лазоре, велам, кога толку жално рика.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мечката ќе рика, а крмакот ќе квичи, ќе гровта, велеше, ќе се подисправа, ќе ги чепатат вилиците. 65
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас се нишам горе, на чардакот, ко ветка, а долу, в пондила, рикаат кравата и магарето. Рикаат тажно, речиси плачат, ко луѓе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)