роб (м.)

Но господ на робјето виде од вишното небо колкав е нивниот ужас, и нададе уши стенчивиот глас да го слушне - плачот на тие што служат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега дали ти е јасно? Сакам жена, не роб...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Роди се човек - роб биди роди се човек - скот умри, скотски цел живот работи за други туѓи имоти.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Шумоли - в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробја.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Роб ќе стане, ден ќе светне, младост пуста в крв ќе летне!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Еден од макроите, стопанин на ова бело робје, на овие сексуални автомати што им носат печалба, се најде во близина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бев човек што оди кон неизбежна бездна. Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие им се смеат на сите ѓаури што работат по нашите чифлизи и ги викаат турски робови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие знаеја дека робови се родени и робови треба да умрат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа сакаше да остане крај Крстана, макар да се мачи како роб, сосема да пресвисне, само да не ѝ дојде тој срам - дека мажот ја оставил затоа што остарела пред време.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа и му се лутам на оној мојон: Македонец, роб, туѓ овдека и сегде по светот, запнал светска револуција ќе ми крева.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се роди меѓу робје и тирани и ги презре и робјето и тираните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад заклоните и преправањата го крие својот страв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Моите браќа се поробени, црни робови, а јас?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тие сакаат да нè впрегнат во нивниот јарем како волови во кола и да бидеме нивни робови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во Мартовските демонстрации во Белград, тој беше на чело на една поворка, го носеше знамето и викаше: - Поарно „рат“, отколку пакт! Поарно в гроб отколку роб!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Така е. Роб до гроб не се живее.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе