рогозина ж.

рогозина (ж.)

На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Невестата Менка ја зеде торбата од Илка, ја обеси на колот, ја зеде рогузината, го посла козинавчето како секојпат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Место рогузина и црни козинави покровчиња и шарени перници со слама полни ,овдека ефендиите најдоа: море — душек исполнет со волна, море — веленца, па дури и меки и бели перници со бубаќ и волна полнети!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо веќе за'рка. Митра се позаврте да се понамести да не ја глочка рогузината и заспа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што да чинам, сѐ е господова повелба, и јас останав сама ноќе со солзи да ја топам рогозината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Селото простум умираше: кола царевка не стигаше ни колку за една рогозина за закопнина, а килото тутун не тежеше ни колку кило сол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се поткрена со раце на рогозината да дофати некоја смисла на ова издробено вревење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И нешто му ги грабна и затегна нервите, му ги заглуви ушите и тој го загуби удирањето на пулсот што пред малку сосема јасно му одекнуваше во увото легнато на рогозината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На подот, на стара искината рогозина, со мала, црна и густа брада, лежеше млад човек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му ја посла рогозината, го фрли на неа покривецот и тие легнаа. Трајче, изморен од патот, заспа...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка му само воздивна, ја крена софрата, ја посла сиромашната рогозина и легнаа да спијат... ***
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И Ли од Сингапур спие, личи на голема кифла - онака, на рогозина свиен.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Седна скраја, на голата рогозина, завитка цигара, запали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Легна на својата рогозина широка чемри педи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука застанува… А во бараките, оставени на рогозина, на сламеник, плачат доенчиња, офкаат и стенкаат разнеможените чиј век е на битисување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ашлаку, сакаш да затруднам на рогозина без маж - тоа ли?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Собава е поинаква од претходната: многу попросторна, со високи прозорци заштитени со рогозина, шарени теписи по ѕидовите и небесно син таван.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од темницата крај челниот ѕид некој се разврте, очигледно врз рогозина според шумовите што дојдоа, испушти една тешка воздишка а зад неа и зборовите Еве ни ја Македонијата наша!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе