рок (м.)

Претензиите на Србија и Бугарија, од една страна, ни покажаа оти само конкуренцијата на тие две држави нѐ остава да робуваме уште на неопределен рок; од друга – тие претензии ни ја потврдија и без тоа познатата вистина оти во цела Македонија има само една, а не неколку словенски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првиот услов тука го исполнија. Се заколнаа дека го напуштаат Ристоса и му се поклонија на Мухамеда, менувајќи ги своите имиња од Јане на Јунус, од Рампо на Рифат; а за вториот услов Аџи Јане – Јунус бег, предложи да им се остави рок од месец, два, најмногу до Митровден, работата ќе биде свршена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во есента на 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Сараево, каде го затекнала фашистичката окупација.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Требаше да се јави веднаш за да го дослужи воениот рок прекинат во српската војска во 1915 година.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се ближи рокот за предавање на објектот и неспокојството расте.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Кој е афродизијакот против осаменоста? – прашува колегата, и натаму наведнат над масата, над формуларите што мораат да се исполнат и предадат во определен рок.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Но тие што треба да ги извршат овие задачи, ги одлагаат работите, влечкаат, не го почитуваат времето, или, како што се вели, предвидените рокови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ме џбара со прстите и ме собува. Така е кога немаш рок за сакање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во денови кога брзаше да ги доврши некои камења или плочи кои му беа сврзани со рок, ударите на чеканот му беа побрзи и времето побрзо одеше: веднаш му доаѓаше пладне или квечерина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Меѓутоа, сите присутни беа цврсто убедени, а тоа повеќепати и го нагласуваа, дека козарите, кога ќе видат што ги чека, во најкраток рок сами ќе се откажат од козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поради тоа рок музиката, за разлика од т.н. сериозна музика, во себе носи поинаков облик на креативност - создавање на нови стандарди, вредности, како и скриени облици на комуницирање внатре во психоделично ориентираната супкултура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Праволиниското време не зависи од човекот, тоа започна да тече од Биг Бенг наваму - гарантен рок на целокупниот космос, секако со Ајнштајнови исклучоци и модификации, кои не ја исклучуваат основната специфика за праволиниското време: невозможноста човекот да има некакво влијание врз него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Македонската концепција за државно и национално репрезентативна main-stream култура, било таа да е државно- демократска или национално- либерална, со таа аисториска замена на политичкото со културното, или поточно: замената на реалното со имагинарното го чува македонскиот национален корпус од вистинската внатрешна политичка диференцијација и на подолг рок ги оневозможува шансите за Brad Holland демократизација и модернизација на македонското општество.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поради него голтавме на криво, ги мазнувавме сите „ручеци“ , го збрзнувавме купувањето, кривулевме како болви низ квартовите на Париз, од плоштадот Мобер до Етоал, во паника да не бидеме продадени, во стравот од крајниот рок, од инкасаторот, прогонетоста од даноците...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Октомври - првата самостојна изложба одржана во Институтот за современа уметност на Универзитетот во Пенсилванија. Го објавува своето повлекување од ликовната сцена. Ги среќава Велвет Андерграунд, рок група.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Има ли некоја пред-Христијанска метафора за светоста што некоја рок група сѐ уште не ја прославила на своите омоти за плочи?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во почетокот на деведесеттите (барем во Америка, додека во Европа веќе се најавува зголемената офанзива против, сега за сега, доволно маргиналната појава на националистички поп и рок групи) здружените одреди на родители, религиозни групи, судови, политичари, полицијата и влијателните медии повторно цврсто ја зграпчија грамофонската индустрија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За да ги пронајдеме изворите и паралелите на неговата монументална непробојност ќе треба да се свртиме кон Холивуд , или кон светот на рок музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе