ропски (прид.)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да, ти ја избра топлата женска прегратка, наместо студената прегратка на ропската земја …
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Не си ли ти истиот оној кој се заколна, а ги заколна и другите, да умираат еден за друг додека не изгрее сонцето на слободата над оваа ропска земја?!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Бодни, о поет, твојата муза да летне над раширен свет да пее со горчлива солза за гладни под ропски гнет.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Не можеш болка да кажеш, на мајкин роден јазик свој песните што ти пеале над тиха лулка шарена, не можеш да ги запееш, дедовци што ти шепнеле на скут во ропски години не можеш да го повториш.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Ајдете, браќа, сите содружно да ги скршиме ропските пранги.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Го придружуваа две жени со ропски израз на лицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А тие ги веднеа грбовите и го носеа ропскиот товар што им го беше наметнало времето и насилството.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си останиме алипни до векот — ја правдаа својата ропска покорност.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како секој потчинет и ропски човек, тој беше смртно исплашен за својата бедна иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Уште една ропска ноќ, со толку можности во себе за правење чудесии, си мислеше, се спушта врз мене, ме завиткува во себе, ме поплатува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ние го ослободуваме терминот, симнувајќи му ги ропските пранги, за да претставува еден самопоетичен, кон себе насочен систем на организација, кој настанува во космосот во разновидни по величина системи. Во луѓето, општествата, атомите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Пролетерот, комунистот, новиот човек во квечерината на револуцијата нема што да загуби, освен ропските прангии.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Според термините од нашата претходна класификација, проловите се ниската група: зашто, ропското население од екваторијалните територии, кое постојано преминува од едни раце во други, не е постојан или неопходен дел на структурата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со својот труд, ропското население овозможува да се забрза темпото на постојаното војување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко беше свесен дека, на Балканот, деспотскиот и ропскиот менталитет никогаш нема да исчезнат сосема.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)