рубрика (ж.)
- Не сум неопределена во војната, туку во рубриката „националност“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Претпоставувам, имате, некоја рубрика за ... останати? - Немаме!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На испитаникот му се сугерира дека во часописот се наоѓаат рубрики и статии коишто тој ќе треба да ги оцени.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Претходниот патник го оставил весникот „Инквајерер“ на седиштето; во овој момент на Џоен воопшто не е грижа за ужасите во Босна, Руанда и на Хаити, но паѓа в очи насловот од локалната рубрика: УАПСЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ИЗОЛИРБАНД СИЛУВАЧ.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вториот пак текст во новата рубрика е всушност една рецензија за поставената изложба во Гугенхајм музејот посветена на апстрактната уметност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На страницата на културната рубрика стоеше изјава на министерот за култура: „Нема средства за џез-фестивалот“, изјавуваше тој, а во текстот стоеше: „Годинава, за првпат во петнаесет години, нема да се одржи градскиот џез-фестивал, на кој требаше да гостуваат реномирани светски уметници“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Сево што го разгледавме да се објави во новата рубрика - СЕКОЈА ПЛАНИНА - СВОЈА ТЕЖИНА - се разбира, во скратена форма, а исечокот од „Колибри“, целосно да се истакне“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Томе се согласи со текстот, го побара наставникот Еко, и тој се согласи па веднаш ја истакнаа статијата во рубриката - ЧИТАЈТЕ - НАЈВАЖЕН НАСТАН!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Значи, авторот и на едниот и на другиот текст бил истиот, учителот Димитрија Боте, со тоа што е очигледно дека првин ги правел записите, а потоа дел од нив објавил во „Цариградски весник“ во форма на допис под рубриката „Портрети на видни спомагатели на народната култура“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои стекнаа светска слава, а некои се повлекоа или се занимаваат со коментирање на туѓи партии по шаховските рубрики (тоа се шаховски критичари).
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Бушава азбука, само да потсетам, преку рубриката дијалекти направи мала енциклопедија на македонските говори од битолско, охридско, егејска Македонија...
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
А можеби во случајов стануваше збор и за една од симпатичните собирачки на сувенири за културните рубрики.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И денес можам да кажам дека почнав да пишувам поезија поради Џони Штулиќ и дека кога повторно би излегла рубриката во „Џубокс“ во кој читателите ширум тогашна Југославија требаше да изберат нај-гитарист, јас би гласал за Влатко Стефановски и само за него.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ми ветија од Медицинскиот гласник на лекарското здружение дека ќе воведат нова рубрика од историјата на медицината и во секој број ќе објавуваат по еден прилог.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)