ручек м.

ручек (м.)

- „Море терај ги, бре внучко, воловите, не пули се по чавките, оти треба до ручек да ја изораме нивата.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
СПИРО: Арно. Туку, како беше за ручекот да не згрешам; не месо со праз, туку со компири...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Појди кај мене дома и речи: „Ме прати Арсо, се пишманил, нејќе за ручек месо со праз, туку месо со компири.“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: (на Анѓелета). Ти нафукај се убаво! Не нѐ гледај нас што нѐ чека ручекот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Како би било да направиме вака, да вечераме и ти Анѓеле, да си одиш сам вечерва дома, а ние утре, кон некоја доба, од како ќе поујдисаме, кон ручек да дојдеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Доцна околу ручек тие наближија до првите бригади.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Околу ручек другачките го кренаа котолот и „дробните“ работи, измиени, исправни, набелени, готови за утре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај ручек време дојдоа и гостите, на чело со нункото Милоша, си поручаа од Митрините тепсии, ја пофалија Достината нова манџа и си отидоа да разнесуваат по селото за новините што ги воведува рожденката. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко си ја јавна вчерашната машчичка, Доста се качи на другата, а Илко си плукна на опинчоките и, де бре, а бре, уште каде ручек време стасаа в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ручекот убав: цел зелник и кобле кисело млеко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој час ете ја и ќерка му – ручек му носи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ами вака, ќе земе осум гуски – ќе направи осум ручеци. И тоа е фајде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си го зеде секој своето место и уште за ручек стигнаа во Битола.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По ручекот се заредија грнчињата со вино. Луѓето се ќефледисаа и удрија во песни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука е мајка му. Таа или стои до шпоретот и готви ручек, или пак седи до прозорецот и му ги крпи чорапите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Наведнат над книгата, Арсо го слуша гласот на мајка си далечен и нереален: - Дојди на ручек, Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сјајот од жицата гаснеше и Арсо го очекуваше ручекот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога беше ручек време, оној напред застана и извади од торбата парче леб и парче сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И најпосле – ручекот стаса. Зоки прв си ги изми рацете, и, се разбира, исто така прв седна на масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Охо-хо! – се засмејуваат децата. – Каков е тој ручек?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе