самосвесен (прид.)
1. Сите свесни состојби се самосвесни
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Зошто? Еднаш кога ќе станеме самосвесни, еднаш кога ќе дојдеме до сознанието дека амбиваленцијата и контингенцијата се неизбежни, ние престануваме да зборуваме за социјалниот систем, општеството, и почнуваме да зборуваме за процесите какви што се: социјалитет, станиште, самоконституција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Не! Николина е и премногу самосвесна за да дозволи водење игри преку посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Му станал туѓ, тежок, речиси неупотреблив и го изненади тоа што беше станал сосема самосвесен за секоја и најмала граматичка грешка или несовршен изговор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)