светоглед (м.)
Овие придобивки, а особено дијалектичкиот метод, ги усвои дијалектичкиот материјализам како единствен современ научен светоглед.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Серл тука се обидува да даде одговор на следните круцијални прашања: Како ние ја лоцираме свеста во врска со нашиот научен светоглед?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од таквиот светоглед, изградуван врз алхемиските учења, но и на склоноста кон Пироновото учење на грчките скептичари, како што тоа се обидуваат да го објаснат многубројните студии за уметноста на Марсел Дишан (Marcel Duchamp, 1887-1968), настана еден уметнички опус, на чие што објективизирање му претходеше едно творечко аура апрехенсио.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се надевам нема да ми го кажете убоитото “Затоа што го љубам ближниот свој”, иако знам дека и тој тип на светоглед не ви е далечен.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Нивното право на атеизам е загарантирано со член 37 од Уставот на Албанија според кој државата не признава ниедна вера и ја поддржува атеистичката пропаганда за да се вкорени кај луѓето научниот светоглед на материјализмот, а според член 55 од Уставот се забранува основање на каква било организација со верски карактер.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Само тоа, синот и нејзе да не ѝ каже за својата намера да се замонаши, плашејќи се, сигурна сум во тоа, не дека таа нема да ја разбере неговата обземеност со верата, уште помалку дека ќе го негира неговото право на избор на свој светоглед и начин на живот, туку дека ќе моли да го поштеди татка си...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Амам: промена на смислата
Не кога ќе влезеш
и кога ќе те заплисне врел
и непроѕирен воздух
не кога ќе те поклопат
капките разлеани по ѕидовите
реата, мермерот, мрморењето
не кога ќе те обземе вртоглавица
зашеметеност од празнината
на амамот, полна пот, плот и пареа
не кога ќе те погоди како отсјај во сон
светлината подадена низ розетата
дозирано, од високо
не додека студеното сонце-иње
од карши ги облагородува
дрвјата, релјефите, порталите, фасадите
на сараите
туку
кога ќе потонеш гола во гротлото
ко крвава рожба во исцедокот од водолијата
тукушто прсната, за да може
да се слизне низ пенџерето
на животот
(на)право во царството на немилосрдноста
кога збунетото тело ќе помисли
дека секое друго место е подобро
ама ќе остане и понатаму - таму
без да се помести
кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување
од секојдневието, од агонијата на распадот
(целото е мислена именка, далечно минато)
кога ќе се престориш течен заборав
божји благослов
и ќе му се предадеш на телото мислејќи
си ѝ се предал
на психата
егзотичното прелевање на смислата
сѐ додека не се претвориш во
прелив како таков
кога ќе се испреплетат значењата
едни со други
и ќе се испретурат во кошницата
на светогледот
а ти ќе тргнеш во потрага по
почетокот
кога ќе сфатиш -
Бизант е капија во темните агли на памтењето
цела епоха е втисната како анатолиска крпенка
во обичните зборови од твојот мајчин јазик
во интимата на јазикот
и се спровира низ капијата
кон одаите и спалните
дома
кајшто по извесно време
по извесна стварност
потеклото се заташкува
сродството се изобличува
јазикот има свои потреби
како и телото
сфаќаш и тонеш во без-сознание
зад јазикот, отаде
нека почека
ако те чека ...
Истанбул, декември 2003
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во таквите мигови сврти се кон големите и сериозни нешта, пред кои тој станува или мал и беспомошен, или напротив, добива на сила, прераснувајќи во релевантна алатка за формирање и изразување на твојот светоглед.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Понатаму во разјаснувањето на терминот имагологија кој потекнува од терминот имиџ-слика, теоретичарите за сликата на светот зборуваат како за еквивалент на филозофската синтагма - поглед на свет или светоглед, претстава, приказ, визија, проекција и слично.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кампот го претставува обидот на машката геј-култура да ја растури сопствената романтична сериозност, да ги срамни немилите разлики меѓу кралиците и трејдовите кои машката геј-култура ги зајмила од спротивноста меѓу мажественото и женственото во доминантниот, хетеронормативен родов систем и кои ги направила темелници на сопствениот светоглед.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Би добиле можност, без оглед на сексуалната определба, да утврдат дали геј- културата има да им понуди нешто што би им вредело ним, дали им го засилува и збогатува погледот на светот, дали сакаат да учествуваат во неа и да ги усвојат како сопствени нејзините особени светоглед и ставови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, за да се опише како геј- мажите градат однос кон сексот и родовите улоги, како гледаат на жените, на местото на женственоста во машките геј- културни практики, сепак, значи сосредоточување кон ставовите на геј- мажите за жените, а не кон самите жени ниту кон нивниот светоглед и нивните интереси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)