свиток м.

свиток (м.)

Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ноќе, испраќајќи ги своите илјада зборови во Амстердам, често се занесував со поетската слика во која моите свитоци налик на тулипани од хартија скокаат од факс-машината во раното амстердамско утро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со каква самовозљубеност го извади пергаментот од под својата риза, и како само го разви свитокот, и како читаше, и во каква поза, како трубач небесен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И најпрво кога ги фрлија свитоците на клада - по нив се фрлив и јас за да ги спасам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На коњот сѐ уште стои неодврзано седлото на императорот сосе попрази и сосе узенгии, и голем свиток стои во торбата - испишан со ракопис на Хадријан - sacra populi lingua est.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И кога дојдов до сознание дека зборот стои повисоко од честа и откако погледнаа во моите свитоци рекоа дека тоа не се божји зборови и божја мисла, та на Собирот во Константинопол, 553, ме осудија и фрлија анатема и врз мене и врз моите свитоци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)