секаде прил.
секадешен прид.

секаде (прил.)

Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Да, слугите на Арес ќе го слават, мајко, сето што тој го сторил в подвиг смел, и сите певци ќе те слават секаде по светот со еден занес толку врел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои плачкаа секаде смело, и секогаш силен и горд, со другарите свои, победник идеше в село.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од секаде од периферијата на Душановата Империја по неговата смрт отпаѓаат областите една по една.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седи со здравје, татко. Пуцко да си! Пари ќе ти праќам секој месец: прво, да исплатиш секаде каде што борчиш; после да ја омажиш Кате.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Е, што да правиш, ние беќарите сме како питачи: секаде ќе тропнеме, а каде што ќе ни отворат таму ќе влеземе. (Секој збор на Анѓелета предизвикува смеење кај жетварките.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе мине силен ек ќе б'сне сонце златно - по секаде на светот ќе згине срамно гнетот - ќе л'сне живот нов!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Заправо, секаде каде што Турците сакаа Јован гледаше за себе да си направи разонода и да земе по некоја и друга бела меџудија; „за да ѝ купи на „посестримата“ локум, чешел, огледало, та дури негде такцуам и в'нени шамии".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци" и „Бугари" и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оттогаш никој веќе не го виде додека по некое време не се разбра дека станал арамија и пљачкосувал секаде по Битолско.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секогаш и секаде каде што му се укажуваше можност, тој зборуваше српски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секогаш и секаде беше прв во борбите со неверните и секогаш излегуваше победител, благодарејќи на вакви како Арслана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Радиото запре. Таа нервно почна да го врти копчето. Помина неколку пати со стрелката долж целата скала. Од секаде испрекинати, остри звуци на џез музика...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Човекот се тресеше со дигната рака кон челото и очекуваше, но секаде, до кај допираа пипалата на слухот, се постилаше недогледна рамница на тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А можеби и си е така, секаде на друго место, само не во она наше проклето село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секаде гледам само што има зад тебе, не можам да видам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе