секундарен прид.

секундарен (прид.)

Како и сите вистински класици, без оглед на своите најдлабоки познавања тој не е интелектуален, туку формален; неговиот поглед на свет е секундарен во однос кон геометријата на фигурите и кон нивната местоположба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа делумно доаѓа оттаму што германските филозофи не ги читаат директно моите текстови, туку се повикуваат на секундарни, често американски интерпретации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Преведувањето е прифатено како секундарна активност, повеќе „механички“ отколку како „креативен“ процес, секој што има макар елементарно познавање на јазикот на кој се преведува се смета за доволно компетентен; со други зборови, професија со низок статус.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според тоа, во сите хипотези, математичкиот симболизам е плод на една секундарна елаборација, која претходно ја претпоставува употребата на дискурсот и можноста за сфаќање на експлицитните конвенции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој нареден глас влегува во играта пеејќи ја главната тема, и притоа е често придружен со секундарната тема од некој друг глас, додека веќе влезените гласови продолжуваат да еволуираат зависно од имагинацијата на авторот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Првиот глас продолжува со пеење на „контра-темата“ одн. секундарна тема, избрана за да контрастира со главната на ритмички, хармониски и мелодиски план.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мао Це Тунг има идеја за постепено издигнување на она што е прифатливо за народот, така што примарната рамнина преминува во секундарната, па во терцијарната, ако се прифати неговата идеја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потоа ги редам на најдолната полица во плакарот - за собирната акција на секундарни суровини.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Обратно е слободна зона: без потреба од визи, секундарни инспекции или платени дозволи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова значи дека вонсудската постапка станува примарна, а судската – секундарна!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, тргнувајќи од премисата дека „општите одредби не ги решаваат поединечните случаи“ тие, се чини со право, судовите ги сфаќаат како практични и искуствени „секундарни законодавци“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова значи дека вонсудската постапка станува примарна, а судската – секундарна!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)