селски прид.
селски прил.

селски (прил.)

Власите повеќе живеат во градовите и се трговци, а ние повеќе сме во селата и сме селски стопани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа решија П’чивци да дадат селски некоја пара, и да станат сајбии од Рибник до Перун.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Селските работи јас не ги разбирам. А за гората, само прашај ме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А, истовремено секоја селска куќа, која има девојки за мажење, прозорците на собите каде што тие спијат ги оставаат отворени и низ нив може да влезе секој младич - кандидат за женидба и да биде со девојката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, велат овде, овие извори еден ден ќе бидат исцрпени, додека, од друга страна, неверојатно брзо раснат потребите од вода за комунални потреби, а уште повеќе за индустријата и за селското стопанство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се отвораат нови ниви и ливади. На ливадите, по косидбата се бореа селските бикови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вашата милост тогаш ги искла селските кози и и ги затна грчмаците на сиромаштијата со пресолена пастрма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Комбинацијата на автопати на податоци и проширена телевизија неизбежно ќе доведе до враќање на селската индустрија во форма на виртуелни разбои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само на крајот од паркот, каде што неговите диви дрвја престануваа како пресечени, се гледаше како на полето работи по некој човек, а по ожнеаните ниви се издигаа копи сено, додека меѓу довикувањата на полските работници се плеткаше лаежот на селските кучиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ѓулсиме престана да ја очекува неговата помош во домашните работи, и, како вистинска жена на ќаја, го избра поразумниот и утапкан пат, и почна да ги вика селските жени да ѝ работат низ куќи, да ѝ аргатуваат во бавчите, и да ѝ го чуваат детето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таква беше директивата од Комитетот - да се испотепаат селските кучиња до едно. Ниедно живо да не остане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И тие доаѓаат, членовите на семејството и селските старешини, и ме соблекуваат; училиштен собир, што го предводи учител, стои пред куќата и пее некоја мелодија со прост текст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По „градски“ го л’штеше подот, го мачкаше со маст, го покриваше со теписон од крај до крај, а по „селски“ пушташе черга по дијагонала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе