сениште ср.
сеништен прид.

сениште (ср.)

На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледав во старецот сениште и занемев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти не се постоела, ти си проѕирна сенка, сениште без топли гради, без врел апеж на влажните заби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По стреите на ниските куќи ќе се влечат проѕирни сеништа. Негде ќе струже невидливо штурче.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
НЕДА: Го чувствувам околу мене како сениште. Понекогаш ми се чини дека сите сенки и црнила во овој дом како да се негови сојузници... како да ме прогонуваат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се спушти главачки по таа удолница, како да се откачил од нешто, што дотогаш го држело врзан, ја спрашти меѓу сеништата на белите дрвја, блед и поткасан сам и совладан, и сега се тркалаше по таа удолница, немајќи смелост ни да се обѕрне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега се спуштаа по една бескрајна удолничава шума. Стеблата, како сеништа, се подаваа од врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во косата, како сениште, почнуваше да се одближува црвениот лав на сонцето, добродушен и сит, мислиш вистинскиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето вчудоневидени се свртеа кон неа и тогаш ги видоа двајцата распашани, брадосани бугарски војници што беа налик на сеништа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се фатив за некој исушен корен и притаено гледав тие црни сеништа стапка по стапка како ми се приближуваат вртејќи се околу себе, скокајќи кон ѕвездите, гребејќи и нуркајќи в земи, сѐ дури одново тоа грозно завивање не ми го скрши сонот и ме разбуди со меч со кој на крајот замавнав и на себеси За да се најдам скаменет во прекрасна болка - Скршен меѓу усамата и раната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од сеништата бегам кон сеништата стасав претворен во оној долап што беспрекин се врти и чека да заросат води и браздата да вјаса и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мислиш некои сеништа залегнале, се притаиле на снегот и демнат да те удават.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човекот оставил сеништа и по смртта, смртта да му ја бранат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа беше едно дете сениште од мои години, но излезе само така личел, имал три-четиринаесет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој час мислиш ќе се вратат проклет да бидам, те гледаат. Нивните сеништа беа присутни, живи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Истиот час како сениште пролета низ спалната, излезе.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иронијата им е незлобна, мека; тие, со ширум отворени очи, гледаат надвор кон играта, како кон убаво сениште.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се накачуваме, се извираме, сме станале сеништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе