сервис (м.)

Во Париз тој работи десетина години во една гаража, односно во сервисот на „Симка“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој наш турист не се смета дека бил во софија ако на враќање со себе не понесе кожни ракавици и родопски ќебиња или некаков сервис од порцелан.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А тој резонира и вака:- ако не се врати во Скопје, градот губи еден помодерен специјализиран сервис и, веројатно, и вработување на неколкумина луѓе...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гледам во златните сервиси, а мислам тие ме гледаат мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме нарекуваат агент на Гестапо, на Интелиџенс сервис, на Озна, на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мештаните продаваа на пазарот дрвени сувенири – делфини со младич на грбот, а истиот мотив, насликан на школки, сервис за јадење, на пепелниците и на постелнината нѐ напаѓаше од сите страни на новиот, луксузен хотел „Делфин“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Земја, во која напорно работиш во фабрика за трактори и размислуваш за дизајн на луксузни сервиси за доручек - од пластика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Парченца од сервисот со ѕвездичките беа втиснати на маслосаните ѕидови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу смешна беше сцената на предавање на позлатениот сервис за ручавање, кој беше и званично најавен и прикажан.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така, купувањето нов сервис стана дел од новогодишните радости. И децата се израдуваа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој секавично пресмета дека три од длабоките чинии од новиот сервис веќе се скршени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Работната атмосфера во фирмата, барем во времето кога се работеше „турбо“, беше пристојна и релативно добра – иако и тогаш нормите, на кои работеа претежно работничките, беа вртоглаво високи [на пример, една работничка која работеше на боење на сервисите со златен пораб, во текот на осум работни 248 часа, требаше да изврти минимум 3.600 чинии и сама, без ничија помош, да ги пренесе до палета за сортирање!?].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
105 Меѓу учесниците биле: Луис Адамиќ, американски писател од југословенско потекло и претседател на Обединетиот комитет на Американците од југословенско потекло; Џозеф Ханц, директор на чехословачкиот економски сервис во Обединетите нации; Сава Н Косановиќ, член на југословенскиот парламент и генерален секретар на Демократската независна партија; Богдан Радиша, шеф на печатот во југословенскиот информативен центар во Обединетите нации; Гаетано Салвемини, професор по историја на италијанската цивилизација на Универзитетот „Харвард“; Виктор Шаренков, секретар на Бугарскиот конгрес во Америка; Рустем Вамбери, пензиониран декан на Правната школа при Универзитетот во Будимпешта и претседател на Комитетот на нова демократска Унгарија; Васил Влавијанос, издавач и уредник на „Национален гласник“ и Алварез дел Вајо, министер за надворешни работи на Шпанската република.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најдобри се секогаш оние со кутиите замотани со украсна хартија, во која има сервис за ручање или кафепиење, или, ако е поблизок роднината, двете во едно, па ја спушта до нозете, точно пред старите чевли кои не ги сменил од едноставна причина што парите отишле за бакшишот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За распарувањето Ми падна шолјичката, сервисот ми се распари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Порцеланот на голема врата влегува во Европа во мода во времето на барокот и рококото, а со појавата на чајот, кафето и чоколадото се создаваат и голем број облици на садови, се појавува поимот за сервис како целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)