сериозно прил.
сериозност ж.

сериозно (прил.)

Ќе одговорат нашите: зашто Турција и Европа не сакаат сериозно реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
НАЦА: (Благо потсмевливо.) Така. Која не ќе појдеше за убавината твоја и за богатството. (Сериозно и со сочувство.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вешто ги изопачуваше имињата додека прозиваше сериозно и незаинтересирано: - Нека стане...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман застана пред мене и сериозно ми подаде рака. Под неговите заби крцкаше килибарениот цигарлак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој мора да е од оние младичи што сосем сериозно веруваат во својата историска мисија и кои мислат дека зад секое нивно револуционерно поткашлување не стои никој друг туку Таа - Историјата со голема буква.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Тоа се пак стихови, нели? - се смирува Ана. - Се вика Смарагда, - вели сериозно тој, оставајќи ја без внимание нејзината закачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, првото, што ќе го видеше секој на тоа лице, беше токму онаа единствена негова добрина на погледот, пред која секој мораше да се посмевне, да се отвори, иако таа во себеси криеше и нешто многу диво, нешто многу просто и сериозно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Месо од дрвца со грав од камчиња, - вели сериозно Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И навистина, прашањето е сериозно и критично.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сандре со светнати очи и разигран поглед шеташе по нас загледувајќи нѐ сериозно де еден, де друг: - Другари, испратен сум од учителот да го свикам овој состанок и да ви пренесам една многу важна задача.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- А што купи? - праша Билјана. - Ќе го купи автобусот што го возам јас. - Ај! - викна Билјана и остана зачудена. - Автобусот! - Да, да, - потврди татко ѝ сосем сериозно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Па тогаш како да гледам инаку? - сериозно се чудам јас.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Еј, беља, промрморе дедо Иван, веќе сериозно загрижен. Ја крена пушката и уште еден грмеш ја разбранува снежната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Де, де, не радувај се толку! Некакви „овесари“ се! - тврдо и сериозно рече старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Туку вие како сте, останавте ли живи, — па нарочно разгледа горедолу, барајќи со очите некого во оние што го обиколија и сериозно запраша: — Камо го Дамета, бре луѓе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По тој начин Толе стана кочница на Организацијата и оваа почна сериозно да се занимава со неговата положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сериозно да размислиме за нашето време што не ни проштева кога го губиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе