сече (несв.)

Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше демон што сечеше тела; на одмазда гласник да казнува секогаш решен насилни, пљачкашки дела.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Да, така дрвар лесно сече в гора гранка здрава од дабот толку силен, стар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не ќе сториш, безбели, како Настрадиноџа, да сечеш гранка на која седиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знам што е полошо, дали овие поганци да ми сечат јазик, нос, уши, или да им бидам кум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По сокаците чекорат кондури с клинци ковани, штамата сечат с ножови и пијат вино румено.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Гробник еден!... за него личело да се забере и да пее под пенџере. (Николаќи повторно пее под прозорецот): Сечи, моме руса коса, Сплети скала да се качам, Да ти влезам, море’ море, в одајчето, В одајчето шарено.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сечејќи една чворлива штица некако наеднаш и изненадно му се скрши пилата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Да била гора зборила, не би гу пасле овцете, не би гу секла секира.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Илјади години тој таму стоел, векови леел дожд; векови цели јачеле бури, сечеле молњи, со силен огнен нож.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
За тоа време Лесната собра на сретсело баеги селани за да сечат пазар со спаијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури Куле сечеше дрва, Крсте ѝ ги носеше и странеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра држи, Доста сече, и тоа касапски го сече!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму се слушаше само брмчењето на мувите и шушкањето на срповите што внимателно ги сечеа стеблата на житото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото рибата в клунот раскината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Кине, граба, сече, носи како лавина, вечна е притаеност и вечно откривање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ногата треба дасе сече високо над коленото“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре пропаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ги грчеше прстите в џебови и го слушаше сопатникот, тој сечеше просто како да секцира.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе