сида ж.

сида (ж.)

Во последно време, канабисот е признат како ретко успешен лек за глауком во Америка, како контроверзен лек за опуштање на мускули при лекување на склероза мултиплекс и лек за апетит при третирањето на болните од СИДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лошите искуства можат да се ублажат со лесен седатив. При интравенозна употреба не користете заеднички игли поради ризик од сида. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Џарман не ги именува. Самите можеме да ја одбереме онаа што најмногу ни се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Македонија може со ваков потез да реши огромен број од своите проблеми, како во сферата на индивидуалните слободи, космополитизацијата на масите, амортизирањето на пазарот од тешките дроги и криминалитетот, како и разните болести кои одат со нив (Сида, хепатитис, овердоуз, наркоманија) така и во сферите на економијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како триесетгодишен ерген носам лузни и читам весници - херпес, сида, азиска гонореја која го победува секој познат антибиотик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најмногу се плаши од сида, кламидија и од студена вода.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тоа е најопасна болест на денешницата. Посмртоносна е од сидата, побрзо се шири од ракот. Позаразна е од грип.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во долгата сенка на епидемијата на ХИВ/сида, геј-мажите можеа да го избегнуваат сознанието дека наметнаа мрак врз изразувањето и испитувањето на настраниот афект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во еден особено трогателен миг на драмата, напатениот Прајор Валтер, здробен од сида и омалодушен поради тоа што љубовникот го напуштил среде бедата на неговата болест, ја запознава безвкусната мајка мормонка на отмениот маж со четвртеста вилица со кој избегал неговиот поранешен дечко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време, брановите џентрификација што придонесоа кон преобразбата на геј-маалата предизвика стопанска експлозија на недвижностите во внатрешноста на градот, бидејќи оние од предградијата почнаа да се враќаат во новообновените внатрешни делови од градот, а поради тоа цените на недвижностите во урбаните центри на САД пораснаа вртоглаво. ‌Геј-мажите со скромни приходи кои ги населуваа геј-гетата и кои подоцна умреа од сида честопати не беа сопственици на имотот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)