симптоматично (прил.)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
5. Во поглед на општата практика кај македонското извршно право, во овој домен симптоматично е решението за т.н. „орочување“ на правото за поднесување барање за извршување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
б) Во делот на материјалната одговорност на работодавачот, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) е избришана експлицитната одредба којашто предвидуваше дека, доколку, во рок од 15 дена од конечноста на одлуката, работодавецот и работникот не се спогодат за надоместок на штетата, којашто му е предизвикана на работникот, тој има право – со тужба, да бара надомест на штетата пред надлежниот суд (чл. 112, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во овој случај симптоматично е и тоа што дополнително се појавува проневера со сопственички акции – но, за која сѐ уште нема конечна судска разрешница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)