синкав прид.

синкав (прид.)

Баждар пушташе низ ноздрите чад, синкав и тромав како и облаците над нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Низ неговите ноздри избиваше врел темен глас и синкав чад на тутун.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад увото на Арсо ленливо пулсираше синкава вена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој синкав лач во неговите очи ја растопува во некаква заборавна умиленост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу веќе и сновеа околу него. Беа уште поужасни со тоа што можеа да им бидат видени само по две разгорени синикави точки на нивните очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така надојдоа оние ноќи потоа. Во бараките тие ноќи никој не заспа. Месечината беше сосема сина, полегната во синикав, залебеден плашт над полето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекаш, чекаш и наеднаш гледаш - околу тебе просторот ја проретчува синкавата измаглина и полека обелува, како снегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Реката си течеше како секогаш, сенката на големите тополи проигруваше во зелено – синкавата вода на реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Малку подоцна Сани стои сред парче сонце покрај една поставка која се состои од застаклен синкав базен во кој би требало да има пингвин или фока, но сега е празен. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 167
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најпрво забележав синкава светлина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе го оддалечи неговата миграторска крв од идната пролет на Езерото, од времето кога се шири опојната миризба на расцутените бадеми, на синкаво жолтите шебои.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да беше онаа синкава светлина малку појака, тој секако ќе забележеше дека се вцрвив во лицето и дека ми е непријатно да го погледнам в очи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А сигурно само цицало, зашто имаше синкав отсјај во очињата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе