сиџим (м.)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Сега дури и му се стори како да ја гледа онаа постојана врвца пилотина како фискија од двете страни на забиеноста на челичната плоча во дрвото, како се спуштаат тие бели сиџими по подот и како се расејуваат по целата просторија, што подигрува под ритамот на бичењето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По лицата на сите нив сиџими вода.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Роса, како и секогаш, не ја симна насмевката од лицето, изгледаше среќна што се вратиле во Скопје и во Македонијата, иако, длабоко во срцето, стравот ги затегнуваше сиџимите и тоа правеше туп туп туп!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како што ги отвори очите, така пред себе, седната на еден стол крај масите отспротива, ја здогледа Елефтерија и, вертикално со нејзиното исправено торзо, дебелиот сиџим чад што малку десно од нејзиното теме се ширеше хоризонтално поставено облаче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И додека ја вдишувавме и ја голтавме сладината, таа од џебот ја извади сојката со сиџим врзана за појас, ја пресече тиквата на фаши, парче отсечуваше и парчето секому му го подаваше со рака.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Добрите луѓе им дозволиле таму, меѓу редовите на лозниците, да изградат соба од ќерпич, внатре ја послале со слама и, на четири кола врзани со сиџим и рогозина, навечер долго се гледале во очи, додека месечината го осветлувала нивниот нов дом.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)