скенер м.

скенер (м.)

Тоа значи дека лекарот може да го прегледа пациентот со скенер и потоа да ги види неговите внатрешни органи во ВР.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Куцаш нешто на тач – скринот, сам ја проаѓаш робата на бар–код скенерот, протнуеш картицата и си искачаш. Лепота!
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Скенерот ми е премногу софистициран за да промаши таква комбинација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Долги години присутен на „штиците што живот значат“, Трајче Кацаров е скенер на актуелните состојби кај нас и во соседството, залагајќи се за високи културни вредности со кои би се отстраниле последиците кои го загрозуваат убавиот вкус.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го проанализирав преку мојот скенер интересното момче од глава до петици и за тоа кратко време сватив дека има прилично полничка фигура.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)