скептичен (прид.)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Според мене, скептичниот пубертетлија, за човек кој дотогаш водата ја почувствувал во ленинградските бели ноќи, на Нијагарините водопади или во оазата сред Сахара, ова беше пресмела изјава.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Беше скептичен за комунистичката иднина на Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Требаше зрело, вдлабено да се толкува татковата дискретна и скептична мисла дека не беше време за враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, не баш дух, бидејќи овој е премногу интелектуален за вкусот на поголемиот дел од една генерација скептична спрема „профаното” рационално мислење а склона да верува во квазимистичната моќ на интуицијата и екстазата, туку повеќе „душа” - орган на некој неодреден начин поврзан со „духот”, но, за разлика од него, благородно усидрен во чувството, коешто е или нурнато во сепроникнувачкиот elan vital a la Bergson, или е во дослух со севкупниот Космос, односно со вечноста, така што овој експресионистички орган - духот или душата - во секое време има, под услов доволно да е огнен, непосреден пристап во бесконечното.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Најмногу од сѐ, се надевам дека книгава ќе послужи за да се оправда вредноста и сериозноста на мојот предмет „Како да бидеш геј“ пред сите што биле скептични, збунети, навредени или згрозени од него, што му се противеа или што поради него го критикуваа Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Моите студенти лезбијки и геј-мажи, вклучително и оние што подоцна го запишаа предметот „Како да се биде геј“, можеби биле баш скептични кон тврдењата дека некој обемен таинствен материјал во матните текови на американската популарна култура од далечното минато некако ја сочинува нивната култура, но не инсистираа дека геј-културата е апсолутно мртва.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)