склоп (м.)
Јасно беа забележливи и двете киски на ушите, и сиот склоп на телото од ѕверот, за да може уште на прв поглед да биде наполно сигурен со кого си има работа, и воопшто да не помисли да се спротивставува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие заборавија и дека воопшто припаѓале на некој круг и дека во склопот на тој круг патувале и доживувале.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во тој извонреден јазик не постојат, значи, само зборови кои кажуваат како „јако“ така и „слабо“, или како „наредување“ така и „потчинување“; постојат и композитуми како на пример „стармал“, „далекублиз“, „врзувараздвојува“, „надворвнатре“..., кои - наспроти нивниот склоп кој во себе го вклучува она што е најразлично - значат само, во првиот пример „млад“, во вториот само „близу“, во третиот само „врзува“, во четвртиот само „внатре“...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Значењето се доживува произволно во склоп со моменталните чувства на гледачот, и кон неговите или нејзините поединечни склопови од лингвистички асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овој именски склоп може да се подели во три групи на зборови: Bains de gros the pour grains de beaute sans trop de bengue.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во склоп на изложбата, усмерувачките сили требаа сериозно да ја означат крајната точка на една долга патека, која беше сведок на конверзијата на Бојсовите цртежи од главно лични и мислени гестови до еден екстравагантен јавен перформанс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Порнофилмовите (увоз од Скандинавија) како и поп-артот (увоз од Англија), значи, беа европски изуми, кои најплодното тло го пронајдоа на американскиот пазар (кој беше поподготвен од нивниот). Couch изгледа екстремно аматерски и во склопот на Ворхоловиот опус.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во прв клас, во склопот на наставата по филозофија, почнав да ги читам Бергсон и Сартр кои беа од големо значење за она што би можеле да го наречеме филозофска „формација“, барем во нејзините зачетоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Јас сум роден“, зарем не, е еден од најнеобичните искази што ги познавам, посебно во склопот на француската граматика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Среќавањето на релевантни дела во таканаречената медиска уметност ни покажува дека се тоа дела кои ги демонстрираат начелата на квантната механика (претставувањето на објектот е зависно од посматрачот, незабележените објекти не се обработени како вистински работи и случки, туку како склопови од флуктуирачки можности), ја земаат предвид новата структурираност на сензибилноста и нејзината комплексност (воведување на тактилниот осет), ја демонстрираат нелинеарноста (егзистенцијални, случајни навлегувања во системите) и го нагласуваат естетското начело како мерило на новата научност. што мислиме со следново?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
4 Можно е, меѓу другото, да станува збор за економски влог во склопот на стратегијата на формализација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Секогаш одново треба да се признае пресудноста на интензивниот однос на напнатост кон светот за севкупниот маниристички склоп на изразување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кој кого да сожалува во нашата родна земја која мораше да се сака и кога те убива, но заробена од самата себе поради грешниот ментален склоп на некоја глава, со невидени параноични последици за невините луѓе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да, тоа му одговара и секогаш му одговараше да се прави дека божем низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓале богатите и сложени склопови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Уживаме во тоа така што чиниш тоа свесно го правиме. Во склопот на рутината на живеењето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Наоколу карти, божества, хороскопи
слики, книги, мемоари
пресметки, математики, хронометрии
ти стануваш појдовна точка за сѐ
да може да се сложи
ти си ѓаволски склоп
структура на структури
Време, Литературо
покажи ми ја темната страна
вишокот, несводливоста
хроничната невидливост
нашата обострана завист.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Човекот во склоп со најдобрите јуначки традиции на неговата нација (Ми јунаци ко сиви соколи идемо напред, а Турци ко курве за нама) се труди да стане најдобар војник.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
1. Ѓаволски склоп
Јадеш, лапаш, грицкаш, голташ
секогаш гладен, засекогаш страдно
зјапаш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Посакав да се соземам
и сѐ уште посакувам
и сѐ уште страхувам од мигот кога станав свидетел
и повеќе од тоа, кога низ мене се прекрши
склопот на тројството, простата пирамида
: не, не е случајно, ни недејствено
ништо кое е совршено!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)