скокоткање (ср.)
- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дуваше југ. Неподносливата запарност го душеше грлото и под клепките внесуваше суво скокоткање. Во градите недостасуваше здив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)