скорешен (прид.)
Мајка ми, приклештена од тежестите на скорешната рожба и гладот на другите рожби, долго во ноќта го гледаше тажното зрачење на татковата лампа без да ѝ биде осветлена вистината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ги предвидуваше скорешните настани, а ние живеевме од миговите на повремените утешни зборови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мислам дека можете да ги видите позитивните ефекти што ги имаше мултикултурализмот во менувањето на нашиот поим на општество во скорешниот развој на западноевропските држави.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Скорешната философија, вклучувајќи ја и Деридината, ни помага да ги согледаме практиките и идеите (вклучувајќи ги и патријархалните практики и идеи) ниту како природни ниту како неизбежни - но тоа е сѐ што таа прави.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Исто како и при примената на скорешните настани, добро е да се ангажираат, како коавтори, други индивидуи кои историски учествувале во формирањето и дистрибуцијата на доминантната нарација која се отфрла во овој процес на ре-авторизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова се рефлексии за урнеците. Понатаму нема да ги разгледувам националните карактеристики во скорешната уметност. Направете го тоа сами.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Основната противречност што отворено и јасно ми се наложуваше во скорешната мисија, како писател во театарската делегација беше: како да се избегне да се избере драма со утилитарна соц-реалистичка ориентација која сигурно не би имала успех на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За кој ќе ви преподадам слово скорешно, кога времето ќе дојде.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А сега, на моменти, троа убаво, а најчесто многу грдо, како од гериз, избива од дното, од дното на душата, омразата скорешна и стара, мириса, но и смрди, ух, луѓето како одврзани од синџир, ослободени, душата како пуштена од темното, ослободена со сите страсти, со одмаздничките и со подбивните.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир. Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето. И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓутоа, скорешната посета на федералниот министер за надворешни работи повеќе се должеше на неговата официјална посета на Тунис по падот на бургибизмот, отколку на некоја посебна иницијатива.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако му ја предадов пораката на тогашниот сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, известувајќи го за скорешната посета и за бараната средба со него и неговите соработници, Јасер Арафат ја прочита набрзина пораката и веднаш рече: - Секогаш ни се драгоцени средбите со југословенските раководители!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXV Според татковата размисла кога една цивилизација започнува да се прашува за смислата на Историјата (Историјата ја пишуваше со големо И), тоа значи дека таа го насетува скорешниот пад.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Двојната улога не почека да го преврти скорешното доживување во благо и „наивно“ прашање: Зошто оваа девојка не го напушта кланот, ако чувствува недостаток на индивидуална бенефиција која ја бара од оние кои не му припаѓаат?
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа ласкава слика за геј- културата – на гејството како култура – не е сосема нова, иако нејзиниот пробив во ткивото на примените идеи што го сочинуваат здравиот разум на стрејт- општеството е релативно скорешен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)