скраја прил.

скраја (прил.)

БАБА АНЧА: (се крсти). Да е скраја од куќава моја!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тука скраја, приближени од сите страни и настасани, беа сега и сите други волци од таа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камењата, шметнати, испуштаа црвени огнила, а оној прескакаше над гробовите како да е скраја, ниеднаш не стивнувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ништо, нека си бере, нека се радува, а јас ќе седам скраја, ќе почивам и ќе ја гледам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одеа доста скраја од шаторот за да можат нешто да забележат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бевме многу, многу деца. Кога свртев глава за да видам колку е долга колоната видов како на ритчето, скраја од џалето, се собираа жени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седна скраја, на голата рогозина, завитка цигара, запали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така си стои Нумо скраја од патот и двапати дневно го чека својот пријател-шофер за да го земе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ауу, скраја било, не зборувај така! - свика баба ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рекла: „Јас дојдов за маж, а не, скраја да е, за... ѓавол...“ Тоа уште повеќе му ја доразболило душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А сепак, на крајот од краиштата, останува и претпоставката дека бил „фрлен скраја...“, како што пишува Нико Кочо, зашто во моментот на неговата смрт голема била омразата и желбата на селаните за некој вид линчување“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така и пишува: ’Беше фрлен скраја во гробиштата’.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се разбира многу е полесно ако можеш да застанеш скраја од сѐ, па без лутина и рамнодушно да ги проценуваш своите постапки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, сепак, Никола Поцо не бил закопан во гробот што го подготвил за себе, туку бил „фрлен скраја...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Зошто сакаш да ги чуваш децата скраја од вистините?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога се протуркуваат низ жените, кога немо стојат скраја слушајќи ја богослужбата посветена на мајката над мајките, Перса, забележувајќи ја силната светлина во нејзините очи, ќе прошепоти Мислам дека е време да излеземе во дворот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Цело време тој зборуваше само пред Евреите, оти не го познаваше добро јазикот на неверниците- Римјани, ниту пак оној на Галатејците, Кипраните или, скраја да е, на Македонците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе