скршнување (ср.)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пронаоѓањето на алфабетот било решавачко скршнување по патот по кој човекот станал човек.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кај еден член на Партија, од друга страна, не може да биде толерирано ни најмало скршнување во ставот, дури и за најневажни прашања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури ни во моментот на смртта не можеме да дозволиме никакво скршнување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Втората ноќ од скршнувањето кон Овче Поле за`ржале камилите, се скупчиле на куп, удриле со чепунките вземи, од што се дигнало голем прав што ги затемнил небото и месечината, од што настанала најцрна темнина и непроѕирна ноќ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој ти го покажува патот по вистинската насока, без скршнување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Скршнување
Не скршнувај од својот
пат, народе мој.
Твојот пат е
твојот дом.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)