скутина ж.

скутина (ж.)

Само едно штуро брзање да се легне во скутините на смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, жените, наопаку ги препашуваме скутините, наопаку ги врзуваме шамиите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Капинка ми се држи за скутината. Фатила, вака, еден крај од скутината и иди по мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрчувам и од легалото му го земам јајцето. Ја засукувам скутината, го клавам јајцето в скутина, и трчам кај Доксима Тренчески. На меана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Притоа мисли на Србија и на Бугарија, а колку за Грција - со нив, со Грчиштата, поинаку треба да се разговара, машки, отворено, а не да се фаќаат владите една со друга под скутина, за никој да не ги виде кај се држат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Децата ќе се држат за скутините од мајките и ќе бројат ѕвезди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другата жена стои само така: ги завртела крајовите од скутината, ги собрала во рацете и нѐ гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За работата да биде уште понеподнослива, отспротива, пред надворешната врата на својата куќа, стоеја Надежда и мајка ѝ, а подалеку зад нив, и снаата, трите со рацете во врзалките од скутините, и трите со еден мил, блажен израз на среќа што го слушаат овој разговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ден, кога инженерот ја кажа оваа вест, со истата онаа весела насмевка што секогаш го следеше, од високото кај резервоарот можеше да се види како Надежда јаде големи црвени цреши од полната скутина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)