скутник м.

скутник (м.)

и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога го наполни скутникот, седна во сенката на разгранетата шупливица и во испотените дланки ги трие класјата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Следниот, молам!“, вресна пролот во бел скутник со црпалка во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Морав да го одврзувам скутникот, да навлечам место налами влечки на нозете, а потоа, во еден долг разговор со Парнаџиев, да го потрошам сето свое умеење за да добијам мало тавче ѓувеч место моето исчезнато тавче ориз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Место да го скрие јазикот под скутникот таа се размафтала со немирното месо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тетка Боса која беше зафатена со замрсениот клучец на нејзиниот скутник наеднаш сфати што ѝ кажува гостинот, го повлече скутникот од половината како да фрла настрана дел од себеси, и за момент остана зината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како на успорен филм, мајката на касапот ми го врти грбот и ја повторува познатата наредба: „Стегнете го скутникот, ве молам!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)