слепило ср.

слепило (ср.)

Блажени да се твоите ангеловидни зеници озарени од божествената слава, тие ми го разгонија слепилото на срцето и го просветија со боговдахновни зборови.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Блажени да се твоите златозрачни очи кои го одзедоа неразумното слепило од моите очи и ми огреа богоразумна светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
И пак, ноќ, пак ноќ. Слепило. Во неговите волчи катници отровот луто биеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И во тоа свое слепило не можеше да го види ни синот, ни малата Весна со сите нивни нежности и радости...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арсо ја губеше способноста за ориентација во полното слепило.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Слепило, слепило во очите да ви застане, другари, слепило!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Подоцна се покажа дека тоа бил редок вид слепило, такво слепило што не можеше да се лекува со носење очила.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, какво ужасно слепило, каква незамислива казна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нешто како кокошкино слепило...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мојата состојба е позната како хистерично слепило или вампирска болест и е многу ретка.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Човекот е најкревкото нешто, - рече отец Иларион, - границата каде што му се допира разумното и неразумното е блиска; исто така: свесното и несвесното; доброто и лошото; виделината и слепилото; појмливото и непојмливото. Сето тоа е во рамновесие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Често пати сугестиите дека луѓето можат да бидат успешно сфатени како машини (и според тоа ограничени) се видени како нешто навредливо или бесмислено, и тоа се смета како симптом на некој вид политичка грешка или интелектуално слепило.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Алкохолот што се содржи во жестоките пијалоци помешани со метил и оној што се употребува во медицината (првиот е често користен од тешки алкохоличари поради популарните цени) е посебно токсичен, понекогаш предизвикува слепило, кома и смрт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како што атмосферата стануваше сѐ повесела, газдата Вајс ја креваше чашата и му наздравуваше на персоналот, но поради слепилото, раката му одеше малку понастрана од масата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од време на време ние ги предупредувавме за нивната неадекватност и слепило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи, кој знае, можеби токму историското слепило е онаа смртна болест на машкиот свет?!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе