слепоочница (ж.)
Срцето силно ми биеше и неговото тропање го чувствував во вратните жили и во слепоочниците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иако во собата се таложат сенки и шумови на дожд, шепот од кој слепоочниците прскаат, не ја палам светилката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еднаш татко му пак дојде со зелени сенки на слепоочниците.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На слепоочниците ѝ избиваа модри жилички и го тераа и неа да ја замислува бледа и студено вкочанета.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сѐ уште само еден дел на телото се ослободуваа сонот, сатир, се префрла од клепките кон слепоочниците и те стиска со своите козји нозе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Будењето идеше бавно, со болка во слепоочниците и некое блуткаво чувство.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Онаа густа топлина, онаа топла, мека болка, сега го заплиснуваше при секое ново и заедничко нивно пречекорување, а еднаш таа не можеше да не почне да му се насобира во грлото и тука да го грее, да тлее меко, згуснувајќи се, сѐ додека не беше свесен како тоа почнува и да му се тркала по двете страни од лицето надолу, кон слепоочниците со еден ист таков жежок и мек допир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе почне откај крстот и, оздола нагоре, ќе ми излезе кај слепоочниците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега единствено ноќта се движеше во душите на двајцата луѓе привиени над нивниот осамен оган во дивината; мракот молкум се вовлекуваше во нивните жили и тивко им баботеше во слепоочниците и зглавките од рацете.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа е старица со црвено лице и со две месести брадавици: на слепоочницата и кај носот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Жена Бела пено Жар-шамивче Извезено Лична жено. ноќта. песната. Слепоочницата: Убаво утро.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
- Па, што дека си Дедо Мраз – се поднасмеа лишавото лице на чпртавкото на кое ситните црни очички испиени од слепоочниците сосема ги снема – за мене името ништо не значи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ја стави раката на челото и ги притисна малку слепоочниците, како да се обидува да се сети на нешто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лицето ѝ беше пожолто, а преку челото и слепоочницата имаше долга лузна од рана, делумно скриена со косата; но промената не беше во тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Два меки тампона, кои како да беа малку влажни, се залепија за слепоочниците на Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Молчеше и ги стегаше забите, а една жила му беше излезена на слепоочниците и убаво се гледаше како силно му чука, како да ќе му се скине секој момент.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)