слепјак (м.)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така тие ноќи само некои лоши, невеласни соништа ме шетаат: де пропаѓам, де се качувам, де некои гуштери, ѕвиждалници, слепјаци и смокови ме облазуваат. Ме заплеткуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бомбите паѓаат, а јас лазам по мев, ко слепа змија, ко слепјак.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)