слива (ж.)

Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
А потоа следеа безброј прашања: крадам ли зелени сливи, пијам ли мастило, ја читам ли Библијата, фаќам ли ракови?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На пример, опурчаците — за олути на нови опинци, некоја шутка — за собирање суво зелје, суви сливи, круши, бонгур итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата се поуспокоија. Уплаканите лица им се поразведрија кога се видоа во дворот под сенките на големите круши, сливи и кајсии.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А еден ден, кога сливата под стреата ги отвори своите први цветчиња, стасаа и гостите од далечниот југ.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Со последната нишка од сознанието чу само уште како заплиснуваат, просто сливајќи се, шурките од неговите капавици.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе влезе учителот на час, а таа по малку ќе се заниша низ дворот и се потпира со грбот врз стеблото на сливата: плете некакви чипки и бедени што никогаш немаат крај.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Коле пред мене гризе нешто. Но знам, сливи со тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лангачот полека се спушта низ прозорецот и седнува под сливата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во Бугарија се вареле компоти од сливи, во Индија се собирал кокос.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кајсиите и сливите распупеа, а бадемот расцвета.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие веќе беа долу, кај своите убави колиби, изградени среде раскошно зеленило од сливи, јаболкници, јасики и други родни и шумски дрвја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секако таа долина беше и повисоко, зашто напролет снегот таму подоцна се топеше, а и некои видови овошје, круши и сливи, таму не вирееја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сега, како велито вие: децата јадат сливите — на старите трпнеат забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе