случајност (ж.)
Нашата опшност е проста случајност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Старецот и тој, едниот во својот залез, другиот во своето изгревање, самата случајност ги сретна и ги поврза.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таквите луѓе можат да се приберат по домовите без да бидат земени на одговорност само затоа што по некоја случајност учествувале во востанието.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Често насоките, земјите каде што одеше, сам ги одредуваше, а често го завлекуваа и случајностите на кои им се препушташе како откината санта мраз, како лист зафатен од ветрот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се определуваа: или по случајност, или по тоа каде повеќе ги тераше редот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Роже-Луј Жино, швајцарски романисиер Толерантноста на таткото од балканската сага, ми се чини неразделива, од културата која ќе ја наследи авторот и кому му беше при срце да ја збогатува, но култура со една впечатлива, речиси библиска случајност и спротивставена на уништувачкото што го имаат сите идеологии – vanitas vanitatum – од кои што човештвото периодично толку многу страда.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Целта на хуморниот пристап на режисерот е во упорното и амбициозно укажување на случајностите и нужностите како разоткривања на алегоричните и иронични законитости на односите и светот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дали тоа беше случајност или тоа беше во воздухот?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Иронијата е присутна во деконтекстуализацијата и во нејзиното заострување (специфично место на редимејдите); заробениот случај, “конзервиран” и предизвикувачки, латентен е во програмирањето на процесот на изибрање и во случајното фаќање на случајноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, во тој случај, ќе беше изоставена убедливата истражувачка метода на Тортон Вајдлер во книгата „Мостот на светиот крал Луис“ (The Bridge of San Louis Rey) - една скрупулозна студија на биографиите, напишана со цел да ја оправда случајноста кога пет личности што не се познаваат страдаат при рушењето на еден висечки мост во Перу.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И секогаш во движење, во скок. Од чаша до пијанство, од љубов до заблуда, од случајност до убедување.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овие маскирања не се историски случајности на кои би можеле да им се восхитуваме или поради кои би можеле да жалиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И најмала случајност понекогаш ти носи смрт или те остава во живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нека сега го спијат мошне потребниот сон, нека се одмораат во мир најдобро што можат, додека авторот на оваа подземно разгранета приказна по случајност ги превртува небото и земјата барајќи меѓу многуте други загуби, сметајќи го тука и својот, нивниот исчезнат клуч. Маргина 34 69
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)