смелост ж.

смелост (ж.)

- Тој викна и разбуди смелост кај сите; и тогај виорно коњикот летна, држејќи во рацете сабја дамаскалија, лута двеостра сабја од челик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А Локвата денес со бранови крилни, што стопани свои ве најпосле виде, та не може никој да ве скорне, силни, за вашата смелост скап спомен ќе биде!
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тие ги испраќаа со жален поглед се’ додека не исчезнеа зад првиот завој, но немаа смелост да се испречат пред некој од нив за да го помолат шоферот да ги качи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неговата нерешителност им ја распламнуваше смелоста и ги исполнуваше со една мисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но сите беа сигурни во своите сили и не веруваа дека ќе има некој смелост да им се противстави.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тие би можеле да имаат и смелост и дрскост да ни се истоварат овде, да расчистат со нас и... од атентатот да не остане ни помен.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сиот затворенички свет клекнува пред храброста и смелоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу публиката имаше и такви што не се согласуваа со ова мислење, ја бараа причината во смелоста и очајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу можеше да биде сигурен дека тука ќе се исполни и она, што го прижелкуваше сето време скриено во себе, но што немаше смелост да го оформи во желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се спушти главачки по таа удолница, како да се откачил од нешто, што дотогаш го држело врзан, ја спрашти меѓу сеништата на белите дрвја, блед и поткасан сам и совладан, и сега се тркалаше по таа удолница, немајќи смелост ни да се обѕрне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Изедена?! – се зачудија децата на оваа смелост на некојси неранимајко. – Изедена!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Шоферот! Тој немаше смелост... смелост да ме изгази!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ах, анасани! Ах, аврадини“, испсуваа двајцата крепоземци во битолскиот вилает и не можеа да се начудат на смелоста и дрскоста на оваа арамиска банда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, немав смелост да ѝ ја кажам вистината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе